Immer mehr Mazedonier aus Lerin suchen nach ihren Wurzeln - Geburtsurkunden gefragt

Der mazedonische TV Sender Kanal 5 mit einer kurzen Reportage über Mazedonier, die in Lerin (Neugriechisch: Florina/Nord Griechenland) ihre Wurzeln haben. Verstärkt ist auch die Anfrage bzw gestiegen ist die Zahl der Anträge für das ausstellen von Geburtsurkunden in den Gemeinden um Lerin, über die die Mazedonier ihre Rechte und rechtlichen Schritte einleiten um ihr enteignetes Eigentum wieder einzuklagen.
Passend dazu hat auch die Zeitung Novamakedonija vor kurzen eine Anleitung für das eröffnen eines solches Verfahren veröffentlicht, in den in sieben Punkten erklärt wurde wie man sein Hab und Gut in Griechenland wieder einklagen könnte.(siehe weiter unten)


Македонците трагаат по своите корени во Леринско – ги бараат изводите од книгата на родени


Македонците кои заминаа на прославата во Овчаране двата дена ги поминаа во потрага по своите корени. Во леринската општина си ги побараа изводите од родените и документите за имотот што не го виделе со децении. На родните огништа се потсетија на детството, прекинато од граѓанската војна . Некои од нив за првпат ги видоа своите најблиски роднини.



Со насолзени очи и растреперени срца група Македонци родум од Егејскиот дел на Македонија ги посетија родните огништа во леринско. Некои од нив прв пат по многу децении доаѓаат во куќите каде се родени. Некои тука затекнаа свои роднини со кои не се виделе многу долго време. 

Македонците во селото Сетина велат дека овде добро се живее, иако жалат што се одделени од своите луѓе кои сега се во Македонија. Велат дека кога би се решило прашањето со имотите би ги заживеале родните огништа во македонските села во леринско. 

Некои и почесто ги посетуваат македонските корени во селата Овчарани, Сетина, Герман, Раби, Крушоради. 

Со цел да дознаат повеќе за своите корени оние кои се родум од овие краишта си ги бараат и изводите на родените. Преку изводите сакаат да дознаат и дали се запишани на македонски или грчки јазик.



Седум чекори за враќање имот во Грција

Грчките закони се строги, а постапките сложени и затоа враќањето на државјанствата и на имотите на Македонците од Егејска Македонија е долг процес. Доколу еднаш ве одбијат грчките власти, а притоа не ангажирате адвокат од Грција, можете да ги загубите доживотно своите права 


Тројца македонски граѓани со потекло од Егејска Македонија што во текот на Граѓанската војна биле протерани од таму се на прагот да си ги вратат своите имоти во северна Грција. Ангажирале адвокати од Атина, зеле грчки лични карти и сега имаат основа да поведат постапка за имотот. Нема временска рамка кога ќе си го вратат. Според нашите информации, станува збор за едни од најголемите имоти на наши граѓани во Грција, вредни над 10 милиони евра.

Познавачи на процесот откриваат дека уште 47 наши граѓани почнале постапка за да докажат дека се родени во Грција. При големата акција за евидентирање на имотите во Грција пред две години уште 5.000 Македонци со потекло од Егејска Македонија сакале да го сторат тоа. Процените се дека вкупната вредност на земјиштето е 200 милиони евра.

Но многу нашинци, не познавајќи ги процедурите во Грција, се обиделе самите да добијат извод или, пак, групно ги посетиле општините и со тоа само си ја запечатиле судбината за да си ги добијат имотите назад. 

- Тоа не може да помогне, само да одмогне, зашто само адвокат може да поведе постапка. А ако барањето се одбие и не се поднесе жалба во рок од 60 дена, исто така од адвокат, правото да се врати имотот се губи доживотно - велат познавачи на процесот.

Некои Македонци си ја усложниле својата постапка зашто директно се обратиле до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, кој ја одбил пријавата како недопуштена, бидејќи не биле исцрпени сите домашни грчки процедури за заштита на правото на сопственост.

„Нова Македонија“ изработи упатство со неколку практични совети и чекори што треба да ги направат граѓаните што сакаат да си го повратат својот имот во Грција. Направено е во консултација со здруженијата на децата-бегалци од Егејска Македонија, неколку грчки адвокати од Атина, потоа со следење на грчките закони од областа на државјанството и стекнување на правото на сопственост, како и во консултација со домашни адвокати.

Постапките се долги и најверојатно ќе траат со години, но познавачите велат дека и строгите грчки закони се на страната на оштетените и дека секогаш постои опцијата доколку не успеете во Грција, да поведете постапка пред Меѓународниот суд за човекови права. 
Еве ги чекорите:

Најдете многу документи

Подгответе ги сите документи што на некој начин ве поврзуваат со Грција (потврди дека сте родени во Грција, податоци за имотот што го поседувате, тапии, договори, доколку лицето родено во Грција е починато се потребни и изводи од седниците на тоа лице, изјави од сведоци дека сте родени на територијата на јужниот сосед или дека поседувате имот). Колку повеќе документи поседувате, толку се поголеми шансите да успеете во постапката.

Не одете во групи

Исконтактирајте со некое од здруженијата на граѓани од егејскиот дел на Македонија или обратете се кај адвокатката Трендафилка Сандева, која работи со нив. Таму ќе пополните формулар со основните податоци. Тие ќе ви дадат упаство што понатаму треба да сторите и кому да се обратите, но не очекувајте, ниту, пак, е препорачливо на нив да ја оставите целата работа. Сите понатамошни активности треба да ги правите во Грција, но тоа не го правете самоиницијативно, ниту, пак, во група со други граѓани или, пак, преку здруженијата на граѓани доколку тие немаат ангажирано грчки адвокат. Грчките закони се строги и постои посебна процедура во која доколку прескокнете или, пак, погрешно се обратите, доживотно го губите правото да си го повратите својот имот.

Ангажирајте атински адвокат

Најмите грчки адвокат, оти само тоа е гаранција дека ќе ги остварите своите права. Препорачливо е тоа да бидат адвокати директно од Атина. Во оваа фаза е потребно да се провери дали сте запишани во матичните книги на родени или венчани или, пак, во црковните книги во општините во северна Грција. Предрасуда е дека најмувањето на грчките адвокати чини многу пари. Проверката дали имате ќе ја направи адвокатот. Најголем дел од овие граѓани не се запишани во книгите, но постои мал процент на граѓани што ги има во евиденциите. 

Не пишувајте дека живеете во Македонија

Побарајте извод од матичните книги на родените. Преку адвокат, правилно пополнете го барањето за да ви се издаде извод. Битно е да се избегне моментот дека живеете во Македонија. Доколу сте впишани во книгите, ова нема да биде проблем. Ако ве нема во грчката евиденција, тогаш адвокатот треба да побара писмен доказ врз основа на кој грчки закон или декрет сте избришани од евиденцијата. Потврдата од општината дека ве нема во матичните книги треба да се обжали во рок од 60 дена од страна на адвокат, и тоа во атински суд или во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Атина. Ова е најважниот чекор.

Земете грчко државјанство

Можете да докажете дека сте родени во Грција со помош на сведоци и претходни документи издадени до грчката држава. Право на грчко државјанство, што е услов подоцна да си го вратите и имотот, имаат и оние што не се родни во Грција, но на кои еден од родителите им е роден таму. Грчките власти ги признаваат македонските документи за идентификација, изводи од матични книги и потврди доколку се преведени и заверени од судски преведувач. Кога ќе се утврди дека сте грчки државјанин, добивате грчка лична карта, а пасошот можете да го добиете во грчката канцеларија за врски во Скопје. Тоа што имате грчко државјанство не значи дека не сте Македонец, ниту, пак, го губите македонското државјанство.

Поведете судска постапка

Докажувањето на сопственоста пред судовите е последната и најдолга фаза. Може да трае и со години. Неа искучиво може да ја води грчки адвокат. Полесно може да докажете дека поседувате имот доколу поседувате писмени докази, како што се турски тапии, договор за купопродажба на одредено земјиште или објект, или, пак, договор за наследство. Имот може да се поврати и без овие документи, со користење сведоци, но тогаш постапката е посложена.

Обратете се во Стразбур

Ако не успеете, поведете постапка пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Gern gelesen

THE GREEK HERACLES WAS A BLACK MAN AND THE AFRICAN INFLUENCE ON GREEK AESTHETICS

Griechenland: 2,5 MRD Euro Stromschulden – Versorger schaltet bald erste 50.000 Kunden ab!

Griechenland: Sozialkassen schaffen parallele Staatsverschuldung

Beliebte Posts aus diesem Blog

Nikos Dimou: Greece has already lost in the name issue

THE GREEK HERACLES WAS A BLACK MAN AND THE AFRICAN INFLUENCE ON GREEK AESTHETICS

Austerity Porn: Greek Terrorists Rape Ministers' Wives in Controversial Revenge Movie